pillar - онтологија

дирек повеќе

мн. диреци
Вид збор: Именка, машки род
Главен, што го поднесува товарот (обично таткото во семејството).
Турски: direk Албански: direk, tra
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Го нема дирекот на куќата.

потпор повеќе

мн. потпори
Вид збор: Именка, машки род
Дирек, столб, драг за потпирање.
Албански: shtyllë mbështetëse
Употреба: Архитектура и градба

стожер повеќе

мн. стожери
Вид збор: Именка, машки род
опора, столб
Албански: shtyllë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој беше стожерот на движењето.

столб повеќе

мн. столбови
Вид збор: Именка, машки род
Потпирач поставен вертикално како носечки елемент.
Албански: shtyllë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
сала на столбови
Валчест труп од дрво, камен, метал укрепен во нешто вертикално.
Албански: shtyllë
Примери:
телефонски столб
Голема маса од вода, прашина, чад или слично во столбовиден облик.
Примери:
столб од прашина

столбец повеќе

Види и: столб (м.)
мн. столпци
Вид збор: Именка, машки род
столб
Примери:
Пред куќата имаше еден столбец.

столбица повеќе

Види и: столба (ж.)
мн. столбици
Вид збор: Именка, женски род

столп повеќе

Види и: столб (м.)
Вид збор: Именка, машки род

столпче повеќе

Види и: столб (м.)
мн. столпчиња
Вид збор: Именка, среден род
столб
Употреба: Деминутив