pocket - онтологија

лапа повеќе

лапаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Добива нешто на едноставен начин, без многу напор.
Примери:
Си лапа тој по триста евра месечно за ништо.

пазамарка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
пазуварка
Употреба: Дијалектен збор

пазуварка повеќе

мн. пазуварки
Вид збор: Именка, женски род
Џеб до пазувата.
Примери:
Седна до меѓата, со нозете в бразда, и почна да се бара по џебовите, по пазуварките.

џеб повеќе

мн. џебови
Вид збор: Именка, машки род
дел од облека
Турски: cep Албански: xhep
Примери:
Кладе (стави) нешто в џеб (во џебот).

џебен повеќе

џебни
Вид збор: Придавка
За в џеб, со димензии за в џеб.
Примери:
џебен часовник

џепче повеќе

мн. џепчиња
Вид збор: Именка, среден род
џеб
Употреба: Деминутив