а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лапа

лапаат; лапал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8809
1. Лакомо јаде.
Англиски: gulp
Употреба: Разговорно
Примери:
Лапаше како да не јадел една недела.
2. Добива нешто на едноставен начин, без многу напор.
Англиски: pocket
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Си лапа тој по триста евра месечно за ништо.
Изрази
Лапа муви - не работи ништо, безделничи.
Треба уште муви да лапа - има уште многу да помине и да научи.