polenta - онтологија

бакрдан повеќе

мн
Вид збор: Именка, машки род
Јадење направено од пченкарно брашно.
Турски: bakırdan Албански: bakërdan, kaçamak
Употреба: Гастрономија
Примери:
Бакрдан со кисело млеко.

качамак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Јадење од варено пченкарно брашно.
Турски: kaçamak Албански: kaçamak, bakërdan
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ќе направиме за вечера малку качамак.

палента повеќе

(едн.) палентата
Вид збор: Именка, женски род
качамак, бакрдан
Албански: polentë, bakërdar
Употреба: Гастрономија
Примери:
Најчестите варијанти на нашето традиционално јадење се качамак, палента и бакрдан.

проја повеќе

(едн.) пројата
Вид збор: Именка, женски род
Вид леб или каша од пченкарно брашно.
Српски: проја Албански: bukë misri, bukë e kallambojt
Употреба: Дијалектен збор , Гастрономија
Примери:
Тоа може да се комбинира со проја, пита или едноставно со запечена земичка.

цицвара повеќе

(едн.) цицварата
Вид збор: Именка, женски род
Качамак со кајмак.
Албански: polentë, kaçamak
Употреба: Дијалектен збор , Гастрономија
Примери:
На цицварата се додава кајмакот, па се меша со издробено сирење и брашно.