политизира
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Зборува за политика, помине, поминува време во неформални политички разговори.
Постапи, постапува итро, промислено, ја избегнува суштината.
Примери:
Мудрува и политизира само да дојде до наградата.
Направи, прави да добие нешто политички обележја, да се обои политички.
Примери:
Некој сака да ја политизитра оваа хуманитарна организација.