Политика - категорија

панамериканизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Движење што преку дипломатски, политички, економски и други средства се залага да го поттикне здружувањето на земјите во Америка.
Англиски: Pan-Americanism

панафрикански повеќе

панафриканскиот
Вид збор: Именка, машки род
Што се однесува на цела Африка.
Англиски: panafrican
Примери:
панафрикански конгрес, панафриканска унија

панславизам повеќе

(едн.) панславизмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичко и општествено движење за зближување и обединување на сите Словени.
Англиски: Pan-Slavism

панславист повеќе

мн. панслависти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник, следбеник на панславизмот.

панславистички повеќе

панславистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на панславизмот и панславистите.
Примери:
панславистички конгрес

парламент повеќе

мн. парламенти
Вид збор: Именка, машки род
Највисок законодавен орган во уставните држави; народно собрание.
Англиски: parliament Албански: parlament
Примери:
Англискиот парламент

парламентарец повеќе

мн. парламентарци
Вид збор: Именка, машки род
член на парламент
Англиски: parliamentarian Албански: anëtar i parlamentit

парламентарски повеќе

Вид збор: Придавка
Што се однесува на парламентар.
Англиски: parliamentary

парламентски повеќе

парламентска
Вид збор: Придавка
Што е во врска со парламент.
Англиски: parliamentary

партиец повеќе

мн. партијци
Вид збор: Именка, машки род
Член на партија.
Англиски: party member Албански: partiak
Член особено ангажиран во партиските активности.
Англиски: party member Албански: partiak

партизан повеќе

мн. партизани
Вид збор: Именка, машки род
Симпатизер на некоја партија или личност.
Англиски: partisan Албански: partizan

партизација повеќе

(едн.) партизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Поларизирање на општеството врз партиска основа.
Англиски: partisanship
Примери:
Целосна партизација на медиумите.

партизира повеќе

партизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Дели по партиска определеност, става под партиска контрола.
Примери:
Го партизира судството.

партизиран повеќе

Види и: партизира (св. и несв.)
партизирани
Вид збор: Придавка
Што е поделен по партиска определеност; политизиран.
Примери:
партизирано судство

партија повеќе

мн. партии
Вид збор: Именка, женски род
политичка странка
Англиски: party Албански: parti
Примери:
демократски партии

партијка повеќе

Види и: партиец (м.)
мн. партијки
Вид збор: Именка, женски род
За жена партиец.

партијност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Соодветство на принципите и задачите на партијата.
Англиски: partisanship
Примери:
Партијноста на литературата.

партикуларизам повеќе

партикуларизмот
Вид збор: Именка, машки род
Појава на стремеж на одделни делови на државата на штета на општодржавните интереси.
Англиски: particularism

партиски повеќе

партиска
Вид збор: Придавка
Што се однесува до партија.
Албански: partijak
Примери:
Партиски актив.
Што се однесува до член или членови на партијата.
Албански: pratijak
Примери:
Партиски стаж.

партнер повеќе

мн. партнери
Вид збор: Именка, машки род
Соучесник во преговори.
Англиски: partner Албански: partner

пасивизација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Повлекување од јавно дејствување.
Англиски: resignation

пасивизира повеќе

пасивизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Умртвува нечија активност.
Албански: pasivizoj
(се пасивизира) Се повлекува од јавно дејствување.
Албански: pasivizoj

пасивизирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
пасивизира

патриот повеќе

мн. патриоти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е обземен со љубов кон татковината.
Англиски: patriot Албански: patriot
Примери:
вистински патриоти

патриотизам повеќе

(едн.) патриотизмот
Вид збор: Именка, машки род
Емоционална поврзаност со татковината и нацијата. За разлика од национализмот и шовинизмот, патриотизмот не ја поставува сопствената нација над другите нации.
Англиски: patriotism Албански: patriotizëm

патриотичен повеќе

Види и: патриотски (прид.)
патриотична
Вид збор: Придавка
патриотски
Англиски: patriotic

патриотично повеќе

Вид збор: Прилог
патриотски
Англиски: patriotic

патриотичност повеќе

Види и: патриотизам (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
патриотизам
Англиски: patriotism

патриотка повеќе

Види и: патриот (м.)
мн. патриотки
Вид збор: Именка, женски род
Жена патриот.
Англиски: patriot

патриотски повеќе

патриотска
Вид збор: Придавка
Својствен на патриот, проникнат од патриотизам.
Англиски: patriotic
Примери:
патриотски чувства
Што искажува патриотизам.
Англиски: patriotic
Примери:
патриотски стихотворби

пацифизам повеќе

пацифизмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичка струја, никната во Западна Европа, што истапува против секоја и секаква војна.
Англиски: pacifism

пацифист повеќе

мн. пацифисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на пацифизмот.
Англиски: pacifist

пацифистички повеќе

пацифистичка
Вид збор: Придавка
Што се однесува до пацифизам и до пацифист.
Англиски: pacifistic

пацифистка повеќе

мн. пацифистки
Вид збор: Именка, женски род
Жена пацифист.
Англиски: pacifist

плебисцит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
сенародно гласање
Англиски: plebiscite
Примери:
Ќе спроведуваме плебисцит меѓу населението.

плебисцитарен повеќе

плебисцитарниот
Вид збор: Придавка
Изгласан со плебисцит, со сеопшто народно гласање.
Англиски: plebicitary
Масовен, усвоен во широките народни маси, едногласно и единствено.
Англиски: plebicitary
Примери:
плебисцитарни избори

плурализам повеќе

(едн.) плурализмот
Вид збор: Именка, машки род
Принцип на општествено уредување врз основа на слободна дејност на повеќе политички партии.
Англиски: pluralism Албански: pluralizëm

плутократ повеќе

мн. плутократи
Вид збор: Именка, среден род
Претставник на најбогатиот слој од владејачката класа, кој има влијание и власт благодарејќи на своето богатство.
Англиски: plutocrat

плутократија повеќе

плутократијата
Вид збор: Именка, женски род
Политичко устројство при кое е власта во рацете на најбогатиот слој од владејачката класа.
Англиски: plutocracy Албански: plutokraci
Плутократите во една земја.
Англиски: plutocracy Албански: plutokraci

побугари повеќе

побугарат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого од друга националност да стане Бугарин.
(се побугари) Стане Бугарин.

повеќепартиски повеќе

повеќепартискиот
Вид збор: Придавка
Што има или се состои од повеќе партии.
Англиски: multiparty
Примери:
Први повеќепартиски избори.

подмлаткар повеќе

мн. подмлаткари
Вид збор: Именка, машки род
Млад активист на некоја организација.
Примери:
Подмлаткари на Црвениот крст.

позиција повеќе

мн. позиции
Вид збор: Именка, женски род
владејачка партија
Англиски: ruling party Албански: parti në pushtet
Примери:
Позицијата и опозицијата дискутираа во парламентот.

поларизација повеќе

мн. поларизации
Вид збор: Именка, женски род
Групирање во две спротивставени страни.
Англиски: polarization Албански: polarizim
Примери:
Поларизација на општеството.

политбиро повеќе

мн. политбироа
Вид збор: Именка, среден род
Политичко биро, извршен орган на политичка партија, особено во кимунистичките партии.
Примери:
Политбирото ги носеше клучните решенија за развојот на државата.

политизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Давање димензија на политика на некоја дејност, искористување и поврзување нешто во полза на нечија политика.
Англиски: politicalization
Примери:
политизација во уметноста

политизира повеќе

политизира
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Зборува за политика, помине, поминува време во неформални политички разговори.
Англиски: politicize Албански: politizoj
Направи, прави да добие нешто политички обележја, да се обои политички.
Англиски: politicize Албански: politizoj
Примери:
Некој сака да ја политизитра оваа хуманитарна организација.

политика повеќе

мн. политики
Вид збор: Именка, женски род
Дејност што се однесува на управување на државата во областа на државните работи во земјата и во областа на меѓународните односи.
Англиски: politics Албански: politikë
Примери:
Во тие земји се води јавна политика на демократско усогласување.

политикант повеќе

мн. политиканти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со дневна политика, дејствувајќи од ситни, лични интереси; интригант во политиката.
Примери:
Се појавија сѐ повеќе политиканти, сѐ помалку вистински патриоти.

политиколог повеќе

мн. политиколози
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со политикологија, специјалист од областа на политичките науки.
Англиски: political scientist

политикологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ја изучува политиката, политичките движења и се што е поврзано со нив.
Англиски: political science

политичар повеќе

мн. политичари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со политика практично и теоретски.
Англиски: politician Албански: politikan
Примери:
локален политичар

политички повеќе

Вид збор: Прилог
Внесување политика ви начинот на извршување на некое дејство.
Англиски: politically Албански: politik
Примери:
Таа работеше политички.

политички повеќе

политичка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на политика и што е врзан за неа.
Англиски: political Албански: politik
Примери:
политички затвореник
државноправен
Англиски: political Албански: juridiko-shtetëror
Примери:
политичка економија

полицентризам повеќе

(едн.) полицентризмот
Вид збор: Именка, женски род
Состојба или систем на постоење повеќе центри на одлучување со определени меѓусебни односи и степен на самостојност (обично за движења, партии, заедници, религии и сл.).
Примери:
Тука, полицентризмот е под голем ризик заради тековниот територијален развоен модел во Европа.

полицентричен повеќе

полицентричниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на полицентризам, што има повеќе центри на одлучување.
Примери:
полицентрично раководење

помакедончи повеќе

помакедончат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да прими македонски својства, обележја.
Албански: maqedonizoj

популизам повеќе

(едн.) популизмот
Вид збор: Именка, машки род
Опортунистичка, демагошка политика со влијание врз населението преку привидна наклонетост кон сфаќањата, барањата и духовните потреби на широките народни слоеви.
Англиски: populism Албански: populizëm

популист повеќе

мн. полулисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на популизмот.
Англиски: populist

портпарол повеќе

мн. портпароли
Вид збор: Именка, машки род
Известувач за јавноста, овластено лице да говори во името на некого (на парламент, влада, министерство, установа).
Англиски: spokesman Албански: zëdhënës
Примери:
портпарол на влада

постизборен повеќе

постизборни
Вид збор: Придавка
Што се случува после избори.
Примери:
постизборни расплети

постколонијален повеќе

постколонијалниот
Вид збор: Придавка
Што е после времето на колонијализмот.
Англиски: postcolonial
Примери:
постколонијален процес

посткомунистички повеќе

Види и: пост (преф.)
посткомунистричкиот
Вид збор: Придавка
Што настанал или се случува после падот на комунизмот.
Англиски: post-communist

постсоцијалистички повеќе

постсоцијалистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е после падот на социјализмот.
Примери:
постсоцијалистички земји

пратеник повеќе

мн. пратеници
Вид збор: Именка, машки род
Претставник во законодавното собрание (парламентот), избран од народот.
Англиски: Member of Parliament Албански: Deputet
Примери:
Народен пратеник.

пратенички повеќе

Види и: пратеник (м.)
пратеничка
Вид збор: Придавка
Што е во врска со пратеник.
Примери:
Пратенички мандат.

предводник повеќе

мн. предводници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што предводи.
Англиски: leader Албански: prijës, udhëheqës
Примери:
племенски предводник

предизборен повеќе

предизборни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на времето непосредно пред изборите.
Англиски: pre-electional
Примери:
Предизборен молк.

предизборие повеќе

(едн.) предизборието
Вид збор: Именка, среден род
Времето пред избори.
Примери:
Опозицијата овој факт не го користи во предизборието.

президент повеќе

мн. президенти
Вид збор: Именка, машки род
Претседател на држава или на висока институција.
Англиски: president
Примери:
Президент на Франција.

преизбере повеќе

преизберат
Вид збор: Глагол, свршен
Избере, одбере повторно.
Англиски: reelect
Примери:
Го преизбраа за директор.

преизбор повеќе

мн. преизбори
Вид збор: Именка, машки род
Повторен избор.
Англиски: reelection
Примери:
Преизбор на асистент.

премиер повеќе

мн. премиери
Вид збор: Именка, машки род
Претседател на влада.
Англиски: prime minister Албански: kryeministër
Примери:
Премиерот ја отвори новата делница на патот.

премиерски повеќе

премиерскиа
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа, што се однесува на премиер.
Примери:
Премиерски мандат.

претпристапен повеќе

претпристапни
Вид збор: Придавка
Што се случува пред пристапувањето.
Англиски: pre-accession
Примери:
претпристапни преговори

претседателски повеќе

претседателскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што припаѓа на претседател.
Англиски: presidential
Примери:
претседателски избори

претставник повеќе

мн. претставници
Вид збор: Именка, машки род
Лице избрано и овластено од државата да врши определена задача.
Англиски: delegate Албански: i dërguar
Примери:
Народните претставници седнаа во парламентот.

претставнички повеќе

претставничкиот
Вид збор: Придавка
Што се темели врз избрани претставници од народот.
Англиски: representational
Примери:
Претставнички модел.

пробугарски повеќе

пробугарскиот
Вид збор: Придавка
Што ги застапува гледиштата на Бугарија.
Англиски: pro-bulgarian
Примери:
Лесно си го навлече пробугарскиот ореол.

провладин повеќе

провладини
Вид збор: Придавка
Што ја поддржува владата.
Англиски: pro-governmental
Примери:
Силите си ги одмеруваат провладините коњи и опозициските топови.

програма повеќе

мн. програми
Вид збор: Именка, женски род
Основна содржина и цели на дејноста на политичка партија, општествена организација, на влада, орган на државната власт.
Англиски: programme
Примери:
политичка програма

проевропски повеќе

проевропскиот
Вид збор: Придавка
Што е приврзан за Европа.
Примери:
проевропска ориентација

прозападен повеќе

прозападниот
Вид збор: Придавка
Што е политички поврзан со Западот.
Англиски: pro western
Примери:
прозападен курс

пролетер повеќе

мн. пролетери
Вид збор: Именка, машки род
Лице без сопствени средства за производство што живее од продажбата на својот труд; наемен работник.
Англиски: proletarian Албански: proleter
Примери:
Пролетери од сите земји...

пролетерски повеќе

пролетерскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува или му припаѓа на пролетер.
Англиски: proletarian
Примери:
пролетерска бригада

пропагандист повеќе

мн. пропагандисти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со пропаганда како дејност.
Англиски: propagandist
Примери:
Водечки пропагандист.

пропагандистички повеќе

Види и: пропагандист (м.)
пропагандистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пропагандист.
Англиски: propagandistic
Примери:
пропагандистичка дејност

проруски повеќе

Види и: руски (прид.)
прорускиот
Вид збор: Придавка
Што ги застапува гледиштата на Русија.
Англиски: pro russian
Примери:
проруска опозиција

протест повеќе

мн. протести
Вид збор: Именка, машки род
Јавно изразување на незадоволство.
Англиски: demonstration Албански: protestë, demonstratë

протестант повеќе

мн. протестанти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што протестира.
Англиски: protester Албански: protestues

противдржавен повеќе

противдржавни
Вид збор: Придавка
Што е насочен против државата, нејзиното раководство или против општественото уредување на државата.
Англиски: subversive
Примери:
Противдржавни елементи.

противкандидат повеќе

мн. противканидати
Вид збор: Именка, машки род
Кандидат на противичката страна, на конкурс, при избори и сл.
Англиски: rival

противнароден повеќе

противнародниот
Вид збор: Придавка
Што е против интересите на народот.
Примери:
Противнародна влада.

профашист повеќе

мн. профашисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што го поддржува фашизмот.

прохибиција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Забрана да се произведува, да се продава и да се точи алкохол.
Англиски: Prohibition Албански: prohibicion, ndalesë
Примери:
Во времето на прохибицијата тој се збогатил.

прохибиционизам повеќе

Види и: прохибиција (ж.)
прохибиционизмот
Вид збор: Именка, машки род
Правна и политичка теорија според која граѓаните треба да се откажат од одредени забранети дејствија.
Англиски: prohibitionism

прохибиционист повеќе

мн. прохибиционисти
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на прохибиционизмот
Англиски: prohibitionist
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш