politics - онтологија

политика повеќе

мн. политики
Вид збор: Именка, женски род
Дејност што се однесува на управување на државата во областа на државните работи во земјата и во областа на меѓународните односи.
Албански: politikë
Употреба: Политика
Примери:
Во тие земји се води јавна политика на демократско усогласување.
Дејност на државните институции плански посочена кон унапредување на управувањето и на водењето на јавните работи во државата.
Албански: politikë
Примери:
стопанска политика, трговска политика, финансиска политика
Општествена дејност на партии, организации, граѓански здруженија, групи и на поединци насочена кон остварување на програмски определени задачи и цели.
Албански: politikë
Употреба: Економија
Метод на работа (на организација или на поединец) заради постигање определена цел.
Албански: politikë
Примери:
уредувачка политика
Вештина на однесување со луѓето и снаоѓање во животот.
Албански: politikë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој си ја има својата перфидна политика.