poor - онтологија

гол повеќе

голи
Вид збор: Придавка
Што е многу сиромашен.
Албански: i varfër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите од таа фамилија се голи, ништо немаат.

мршав повеќе

мршавиот
Вид збор: Придавка
Мал по количина и вредноcт.
Примери:
Скудна жетва собираа од мршавото поле.

неволен повеќе

неволниот
Вид збор: Придавка
Несреќен, беден, што е за жалење.
Примери:
Им помагаше на болните и неволните.

нематен повеќе

нематниот
Вид збор: Придавка
Што не е иматен, имашлив.
Примери:
Некогаш бил богат, а сега е нематен.

немашлив повеќе

немашливи
Вид збор: Придавка
Што не е имашлив, што не е иматен.
Примери:
Немашливи селани.

оскуден повеќе

оскудниот
Вид збор: Придавка
На кој му недостига нешто.
Примери:
Оскуден за пари.

посен повеќе

посни
Вид збор: Придавка
Што е празен, сиромашен.
Албански: i varfër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Некои песни беа анемични, со посна, скромна мелодиска инвенција.

сиромав повеќе

сиромавиот
Вид збор: Придавка
Кој е многу беден.
Албански: varfënjak
Примери:
Си бил еден сиромав селанец.

сиромашен повеќе

сиромашни
Вид збор: Придавка
Кој има скудни средства за живеење.
Примери:
Детето било многу сиромашно.

сиромашки повеќе

сиромашките
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сиромав, кој му припаѓа на сиромав.
Употреба: Економија
Примери:
Сиромашка куќа
Својствен на сиромав.
Примери:
Сиромашка вечера.

сирота повеќе

Види и: сиромав (прид.)
сиротата
Вид збор: Придавка
Жена која е многу бедна.
Примери:
Била убава, ама многу сирота.

сиротен повеќе

Види и: сиромав (прид.)
сиротни
Вид збор: Придавка
сиромашен

сиротински повеќе

Види и: сиромашки (прид.)
сиротинска
Вид збор: Придавка
сиромашки

скржав повеќе

скржави
Вид збор: Придавка
Сиромашен во нешто, скуден.
Примери:
Скржава светлина.

скуден повеќе

скудни
Вид збор: Придавка
Мој не е голем по количество, незначителен.
Примери:
скудна сончева светлина