praise - онтологија

велича повеќе

величаат
Вид збор: Глагол, несвршен
слави, фали
Албански: madhëroj
Примери:
Сите го величаа Даме Груев.

возвеличува повеќе

возвеличуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Фали, велича многу некого или нешто.
Албански: ngrit, lavdëroj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Во песната го возвеличува и слави човечкиот труд.
Се возвеличува, се фали, се велича многу.
Албански: lavdërohet, ngritet
Примери:
Се возвеличува повеќе отколку што треба.

зафали повеќе

зафалат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да фали некого или нешто.
Албански: lavdëron
Примери:
Стројникот ја зафали момата.
(се зафали) Почне да се фали.
Албански: lavdërohet
Примери:
Се зафали дека работел секакви работи.

изнафали повеќе

изнафалат
Вид збор: Глагол, свршен
Пофали некого многу, во голема мера.
Албански: lavdëroj shumë
Примери:
Наводаџиката го изнафали момчето пред родителите на момата.

испофали повеќе

испофалат
Вид збор: Глагол, свршен
Пофали во голема мера.
Албански: lëvdëroj
Примери:
Сите што дојдоа го испофалија.

исфали повеќе

Види и: фали (несв.)
исфалат
Вид збор: Глагол, свршен
Фали повеќемина или фали многу.
Примери:
Тој го исфали докторот.

потфалува повеќе

Види и: фали (несв.)
потфалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Фали некого по малку, одвреме-навреме.
Албански: lavdëroj nga pak
(се потфалува) Се фали себеси по малку.
Албански: lavdërohem
Примери:
Самата си се потфалуваше пред другите.

пофалба повеќе

мн. пофалби
Вид збор: Именка, женски род
Убаво мислење искажано со зборови.
Примери:
Неговата постапка е навистина за пофалба.

пофали повеќе

пофалат
Вид збор: Глагол, свршен
Искаже пофалба за некого или за нешто.
Албански: lavdëroj
Примери:
Тренерот ги пофали играчите.

рекламира повеќе

рекламираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Претерано пофали, фали некого или нешто, популаризира.
Албански: reklamoj, lavdëroj
Употреба: Преносно значење

фалба повеќе

мн. фалби
Вид збор: Именка, женски род
Убави зборови за некого, нешто, за некоја постапка.
Албански: lavd
Употреба: Пословнично , Разговорно
Примери:
Само фалби можеш да чуеш за него.

фалење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Убави зборови за некого, нешто, некоја постапка.
Албански: lavdim
Примери:
Тука нема место за фалење.

фали повеќе

фалам
Вид збор: Глагол, несвршен
Се изразува позитивно, со убави зборови за некого или нешто.
Албански: lëvdoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Учителот многу го фалеше на родителската средба.
(се фали) Се фали, се изразува пофално, позитивно, со убави зборови за себе.
Албански: lavdëroj
Примери:
Фатила да се фали пред жените.