presentation - онтологија

демонстрација повеќе

мн. демонстрации
Вид збор: Именка, женски род
Јавно покажување и прикажување на нешто.
Албански: demonstrim
Примери:
Демонстрација на новата машина ќе се прави на следниот саем.

показ повеќе

мн. покази
Вид збор: Именка, машки род
Јавно покажување.
Албански: prezantohem
Примери:
Тој им ги изложи доказните материјали на показ.

поставка повеќе

мн. поставки
Вид збор: Именка, женски род
Прикажување на уметнички или културно-историски предмети на изложба или во музеј според определен план.
Албански: prezantim
Употреба: Уметност
Примери:
Во музејот е изложена националната поставка на македонското современо сликарство.

презентација повеќе

мн. презентации
Вид збор: Именка, женски род
Изведба, претставување на нешто.
Албански: prezantim, shfaqe
Примери:
Компјутерска презентација.

проекција повеќе

мн. проекции
Вид збор: Именка, женски род
прикажување, претставување
Албански: projektim, prezantim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Проекција на едно дамнешно време.