Уметност - категорија

палета повеќе

мн. палети
Вид збор: Именка, женски род
Збир на изразните средства на уметник, сликар, писател.
Англиски: range Албански: shtrirje
Примери:
Богата палета.

перформанса повеќе

мн. перформанси
Вид збор: Именка, женски род
Визуелно дело во кое доаѓа до израз активноста на уметникот.
Англиски: performance Албански: performansë

поп-арт повеќе

(едн) поп-артот
Вид збор: Именка, машки род
Уметнички правец настанат во втората половина на дваесеттиот век.
Англиски: pop art

портрет повеќе

мн. портрети
Вид збор: Именка, машки род
Претставување на човечки лик на фотографија, уметничка слика или скулптура.
Англиски: portrait Француски: portrait Албански: portret
Примери:
Семеен портрет.

поставка повеќе

мн. поставки
Вид збор: Именка, женски род
Прикажување на уметнички или културно-историски предмети на изложба или во музеј според определен план.
Англиски: presentation Албански: prezantim
Примери:
Во музејот е изложена националната поставка на македонското современо сликарство.

постмодернизам повеќе

(едн.) постмодернизмот
Вид збор: Именка, машки род
Стил во уметноста од крајот на XX век.
Англиски: postmodernism

премиера повеќе

мн. премиери
Вид збор: Именка, женски род
Прва изведба на уметничко дело (театарско, филмско, музичко).
Англиски: premiere Француски: première Албански: premierë
Примери:
Утре ќе се одржи премиерата на балетот.

преродба повеќе

мн. преродби
Вид збор: Именка, женски род
Општествено и културно движење на еден народ.
Англиски: renaissance Албански: rilindje, renesansë
Примери:
Периодот на преродбата даде нови културни дејци.

пресврт повеќе

мн. пресврти
Вид збор: Именка, машки род
Дел од дејствието на литературно или сценско дело.
Англиски: peripety Албански: peripeci

пуризам повеќе

(едн.) пуризмот
Вид збор: Именка, машки род
Стремеж кон чистење на јазикот од туѓи елементи.
Англиски: purism Албански: purizëm
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц