бодат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со шилест предмет пробива нешто.
Примери:
Надрилекарот со игла ја бодеше жената во дланките.
боцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Боде, притискајќи со нешто остро.
Примери:
Тој ги боцкаше децата со трн во грбот.
За растение, животно што има боцки или за предмет со кој се боде, предизвикува болка од бодење.
Примери:
Грубите волнени чорапи многу нѐ боцкаа и ние не сакавме да ги носиме.
боцнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пробива во нешто со шилест предмет.
Примери:
Стариот го боцна компирот со виљушката.
(се) буцаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(прен.) боде, боцка
Примери:
Козинавите покрови буцаат.
Со рогови (за рогато животно).
Примери:
Вашата крава ја буца нашата и ја брка од јаслите.
(се буца, заемноповр.) Меѓусебно се бодат.
Примери:
Двата брава се буцаа (еден со друг).
буцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
боде, прободува
Примери:
Тој ме буцкаше со прстот во слабината.
(се буцка) се боде
Примери:
Детето се буцна со иглата во прстот.
буцнат
Вид збор: Глагол, свршен
прободе
Примери:
Стариот со бастунчето буцна во вреќата.
Боде со рогови (за рогато животно).
Примери:
Разбеснетиот бик го буцна својот стопан во слабините.
дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
глочка, набива
Примери:
Рогузината ме дупеше и не можев да заспијам.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да боцка.
Примери:
Тој ги забоцка децата со стапот по босите нозе.
Кусо време боцка, малку боцка.
Примери:
По лицето го забоцкаа иглите од боровите гранки.
(се забоцка) Почне да се боцка.
Примери:
Воловите се забоцкаа со роговите.
Вид збор: Глагол, свршен
(се забрца) се пикне, се забоде
Примери:
Една деланка му се забрцала во ногата.
Вид збор: Глагол, свршен
За постела, перница - почне да дупи, да глочка.
Примери:
Ме задупи нешто во постелата и не можев да заспијам.
збуцаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш ненадејно буцне, забоде нешто.
Примери:
Не внимаваше и ја збуца иглата во прстот.
изнабодат
Вид збор: Глагол, свршен
Набоде повеќепати, на повеќе места.
Албански:
shpoj më tepër herë
Примери:
Изнабоде неколку мевца на виљушката и му ја подаде на детето.
мушат
Вид збор: Глагол, несвршен
набодат
Вид збор: Глагол, свршен
Закачи на повеќе места шилести предмети (колци, игли).
Примери:
Набоде неколку колци на меѓата.
(се набоде) Си закачи нешто.
Примери:
Се набоде на трн.
набоцкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Забоде нешто шилесто (игла, трн и сл.) на повеќе места.
Примери:
Рацете cи ги набоцка на капините.
(се набоцка) Се набоде, се боцне.
Примери:
Не оди кај багремите да не се набоцкаш.
наденат
Вид збор: Глагол, свршен
Набоде, закачи на остар предмет.
Примери:
Го надена месото на ражен.
напрчат
Вид збор: Глагол, свршен
За животно - крене, подигне, начули.
Примери:
Ја напрчи опашката.