pride - онтологија

возгордее повеќе

(се) возгордеат
Вид збор: Глагол, свршен
Се вообрази, стане многу горделив, надмен.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Нема да се возгордее и да започне со раскошен живот.

гордее повеќе

(се) гордеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се чувствува горд.
Примери:
Со твојот успех се гордее целото училиште.

гордост повеќе

(едн.) гордоста
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на супериорност над другите.
Примери:
Гордоста доаѓа пред пропаста.

погордее повеќе

(се) погордеат
Вид збор: Глагол, свршен
Се гордее малку, кратко време.
Примери:
Зошто со тој успех да не се погордеат малку?
Стане премногу горд, надмен.

понаша повеќе

(се) понашаат
Вид збор: Глагол, несвршен
се гордее
Примери:
Има мајка сребрен прстен, со него се понашa.

пркос повеќе

(едн.) пркосот
Вид збор: Именка, машки род
позитивен инает
Албански: mburrje
Примери:
Не насмеа со пркос во очите.

фодулење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) фодули

фодулштина повеќе

(едн.) фодулштината
Вид збор: Именка, женски род
гордост
Албански: krenari, fodullëk
Употреба: Разговорно