print - онтологија

допечати повеќе

Види и: печати (несв.)
допечатат
Вид збор: Глагол, свршен
Напечати, испечати до крај.
Примери:
Книгата беше допечатена по неговата смрт.

напечати повеќе

Види и: печати (несв.)
напечатат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши печатење, објави, публикува ракопис, текст и др.

отпечати повеќе

отпечатат
Вид збор: Глагол, свршен
Публикува, заврши печатење на нешто.
Албански: botoj
Примери:
Книгата ја отпечативме во тираж од 500 примероци.
Извади отпечаток на печатач.
Албански: printoj
Примери:
Тој ги отпечати сите статии на печатач и ги стави во папка.
(се отпечати) Остави трага на некоја површина.
Албански: lë gjurmë
Примери:
Прстите на крадецот му се отпечатиле на ѕидот кога го допрел.

печат повеќе

мн. печати
Вид збор: Именка, машки род
Отпечатокот добиен од печат.
Албански: vulë
Примери:
Печатов не е излезен убаво.
Печатење на книги, весници.
Албански: shtyp, botoj
Примери:
Книгага е во печат.
Надворешен изглед на напечатеното.
Албански: shtyp
Примери:
Убав печат

печати повеќе

печатат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со печатарски машини и др.
Албански: printoj, shtyp
Примери:
Печатницата печати весници, книги и др.

типоса повеќе

типосаат
Вид збор: Глагол, свршен
испечати
Употреба: Архаизам

типосува повеќе

Види и: типоса (св.)
типосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
типоса

штампоса повеќе

штампосаат
Вид збор: Глагол, свршен
отпечати, напечати
Албански: printoj, shtyp
Употреба: Архаизам
(се штампоса) се отпечати
Албански: shtyp, printoj
Употреба: Архаизам

штампосува повеќе

Види и: штампоса (св.)
штампосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
печати, отпечатува
Албански: printoj, shtyp
Употреба: Архаизам
(се штампосува) се отпечатува
Албански: printohet, shtypet
Употреба: Архаизам