Архаизам - категорија

шаваспур повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Лесна и танка проѕирна ткаенина од лен или свила, слично на газа.

шадрван повеќе

шадрвани
Вид збор: Именка, машки род
водоскок, фонтана
Англиски: fountain Турски: şadırvan Албански: shadërvan
Базен, особено кај џамија за земање абдест.
Англиски: basin Турски: şadırvan Албански: shadërvan, fontanë

шаин повеќе

мн. шаини
Вид збор: Именка, машки род
Сокол, особено дресиран за лов на други птици.
Англиски: falcon Турски: şahin

шаит повеќе

Вид збор: Именка, машки род
сведок, очевидец
Англиски: witness Турски: şahit

шајка повеќе

мн. шајки
Вид збор: Именка, женски род
Воен брод на весла, чамец.
Англиски: rowboat Албански: anije ushtarake

шалвари повеќе

шалварите
Вид збор: Именка, множина
широки, долги ориентални панталони
Англиски: harem pants Турски: şalvar
Примери:
свилени шалвари

шам повеќе

Вид збор: Честичка
Прв дел од сложенки што укажува дека нешто е со потекло од Дамаск, од Сирија.
Турски: şam

шан повеќе

(едн.) шанот
Вид збор: Именка, машки род
добар глас, углед
Англиски: reputation Турски: şan
Примери:
(разг.) Му го скрши шанот на некого.

шант повеќе

мн. шантови
Вид збор: Именка, машки род
бајпас
Англиски: bypass
Примери:
Има веќе два шанта.
очевидец, сведок
Англиски: witness

шантан повеќе

мн. шантани
Вид збор: Именка, машки род
кафе со пејачки
Англиски: amusement bar Турски: şantöz

шантански повеќе

шантанскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на шантан.
Примери:
шантанска пејачка

шапшал повеќе

мн. шапшали
Вид збор: Именка, машки род
невешто, неспособно лице
Англиски: jerk Турски: şapşal
Примери:
Јас излегов шапшал.

шарлаган повеќе

(едн.) шарлаганот
Вид збор: Именка, машки род
Растително масло - од сусам, афионско семе и сл.
Англиски: seed oil Турски: şırlağan Албански: lloj voji, sharllagan
Примери:
Од афионското семе се добива квалитетно масло за јадење шарлаган.

шарлаганџија повеќе

мн. шарлаганџии
Вид збор: Именка, машки род
Оној кој се занимава со производство или продажба на шарлаган.
Албански: sharllaganxhi

шарлаганџилница повеќе

мн. шарлаганџилници
Вид збор: Именка, женски род
Работилница или продавница за шарлаган.
Албански: dyqan sharllagani

шашка повеќе

мн. шашки
Вид збор: Именка, женски род
черкеска сабја
Англиски: sword
Примери:
Руската коњица носеше шашки преку рамо.

шебек повеќе

мн. шебеци
Вид збор: Именка, машки род
мајмун со црвена задница
Англиски: monkey Турски: şebek

шеј повеќе

мн. шејови
Вид збор: Именка, машки род
ствар, предмет
Англиски: thing Турски: şey
Примери:
Сите шејови што ги донесе невестата.

шејтански повеќе

шејтанска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на шејтан.
Англиски: devilish
Примери:
шејтанска направа

шен повеќе

Вид збор: Придавка
весел
Англиски: jolly Турски: şen

шеќерлема повеќе

мн. шеќерлеми
Вид збор: Именка, среден род
Вид слатко, слатка од шеќер.
Англиски: sugar pastry Турски: şekerleme Албански: sheqerleme
Примери:
шеќерлеми со ореви

шеќерлија повеќе

Вид збор: Придавка
Што е со шеќер, сладок.
Англиски: sugary Турски: şekerli

шилте повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Мало волнено перниче што се става на миндер, на душек.
Англиски: pillow Турски: şilte

шиник повеќе

мн. шиници
Вид збор: Именка, машки род
Дрвен цилиндричен сад што служи како мера за жито.
Англиски: bushel Турски: şinik Албански: shinik
Мера за жито, како определена количина.
Англиски: bushel Турски: şinik Албански: shinik

школовка повеќе

мн. школовки
Вид збор: Именка, женски род
Обука, здобивање со знаење искуство.
Англиски: education
Примери:
Беше на школовка во Белград.

шпага повеќе

мн. шпаги
Вид збор: Именка, женски род
Вид тесна и права сабја со остар врв.
Англиски: saber
Примери:
остра шпага

шпекула повеќе

Види и: шпекулација (ж.)
мн. шпекули
Вид збор: Именка, женски род
шпекулација
Англиски: speculation
Примери:
Правел шпекули.

шпиртен повеќе

заразниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на шпирт.
Англиски: alcoholic

штампа повеќе

(едн.) штампата
Вид збор: Именка, женски род
Икона или некој друг лик втиснат на хартија.
Англиски: imprint Албански: stampoj
Шара втисната на ткаенина.
Англиски: imprint Албански: ngulis

штампоса повеќе

штампосаат
Вид збор: Глагол, свршен
отпечати, напечати
Англиски: print Албански: printoj, shtyp
(се штампоса) се отпечати
Англиски: print Албански: shtyp, printoj

штампосува повеќе

Види и: штампоса (св.)
штампосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
печати, отпечатува
Англиски: print Албански: printoj, shtyp
(се штампосува) се отпечатува
Англиски: print Албански: printohet, shtypet

штембил повеќе

мн. штембили
Вид збор: Именка, машки род
печат
Англиски: seal Германски: Stempel

шумкар повеќе

мн. шумкари
Вид збор: Именка, машки род
Назив за партизан што го употребувале претставниците на бугарската власт за време на окупацијата во Втората светска војна.

шуќур повеќе

Вид збор: Модален збор
Како израз на благодарност, за изразување на благодарност.
Англиски: thank Турски: şükür
Примери:
Шуќур што те најдов.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш