property - онтологија

земјиште повеќе

мн. земјишта
Вид збор: Именка, среден род
Имот, земја како сопственост.
Албански: pronë, tokë
Употреба: Економија
Примери:
Приватно земјиште.

земјопосед повеќе

мн. земјопоседи
Вид збор: Именка, машки род
Земјиштен имот.

имање повеќе

имањето
Вид збор: Именка, среден род
имот, посед
Албански: pronë
Примери:
Секој викенд одеше на имањето в село.

имот повеќе

мн. имоти
Вид збор: Именка, машки род
Сето тоа што е во сопственост на некого.
Албански: pronë
Употреба: Економија
Примери:
Имотот го наследија децата.
Дел од тоа што е во сопственост (куќа, нива).
Албански: pronë, mall
Употреба: Економија
Примери:
Тој има имот и на село.

имотен повеќе

имотниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на имот.
Албански: i pronës
Употреба: Економија
Примери:
имотна состојба

имотнина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
имот

мал повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
имот, имање
Турски: mal Албански: pronë
Употреба: Архаизам , Економија

посед повеќе

мн. поседи
Вид збор: Именка, машки род
Неподвижен имот (куќа, нива).
Примери:
Во минатото тие имаа големи поседи на шуми и пасишта.

своина повеќе

(едн.) своината
Вид збор: Именка, женски род
сопственост
Албански: pronë
Употреба: Економија , Ретко
Примери:
Државна своина.

својство повеќе

мн. својства
Вид збор: Именка, среден род
Признак, карактеристична особина на некого или нешто.
Албански: cilësi, tipar
Примери:
својствата на водата

сопственост повеќе

(едн.) сопственоста
Вид збор: Именка, женски род
Имот што припаѓа лично некому.
Албански: pronë
Употреба: Економија
Примери:
Куќата беше сопственост на татко му.