prove - онтологија

докаже повеќе

докажат
Вид збор: Глагол, свршен
Ја потврди со аргументи вистинитоста, точноста на нешто.
Албански: dëshmoj
Примери:
Кога ќе докажам со факти, ќе биде доцна да го одбраниш крадецот.
(се докаже) Се истакне, се наметне со својата работа.
Албански: dëshmoj
Примери:
Ако сака да биде примена кај нас, мора на некој начин да се докаже.

засведочи повеќе

засведочат
Вид збор: Глагол, свршен
Потврди нешто со сведоштво, увери некого во нешто со тврдење и со докази.
Примери:
Во книгата се засведочени голем број месни имиња.

зборува повеќе

зборуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сведочи, докажува без потреба од дополнително објаснување.
Албански: dëshmon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Фактите зборуваат поинаку.

легитимира повеќе

легитимираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се легитимира) Се претстави, се претставува, се потврди, се потврдува во некое својство, во нешто.
Албански: legjitimohem, vërtetoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се легитимира како добар познавач на своето време.

осведочи повеќе

осведочат
Вид збор: Глагол, свршен
(се осведочи) Се убеди, се увери во нешто.
Албански: bindem
Примери:
Сам се осведочи за неверството на жената.

покаже повеќе

покажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се покаже) Се појави, се претстави со некоја особина, својство.
Албански: paraqet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се покажа многу мудар.

посведочи повеќе

Види и: сведочи (несв.)
посведочат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде доказ за нешто, докаже, покаже.
Албански: dëshmoj, vërtetoj
Примери:
Примерите ни посведочија за потеклото на ѕекстилот.

потврди повеќе

потврдат
Вид збор: Глагол, свршен
Прифати, озакони, санкционира на повисоко ниво на надлежност нечие решение, поставување на должност, звање и сл.
Албански: konfirmoj
Примери:
Тие го потврдија во звањето редовен професор.
Докаже, покаже, даде доказ за нешто.
Албански: dëshmoj
Примери:
Тој го потврди тоа на дело.
(се потврди) Излезе, се покаже точен, правилен (за претпоставка, тврдење, мислење, предвидување и сл.).
Албански: dëshmoj
Примери:
Се потврдиле лагите на двајцата лажговци.
(се потврди) Се покаже, се докаже во некое својство.
Албански: dëshmoj
Примери:
Се потврди како добар педагог.

сведочи повеќе

сведочат
Вид збор: Глагол, несвршен
Служи како сведоштво, потврдува, покажува нешто.
Албански: dëshmoj, tregoj
Примери:
Големиот број членови сведочи за популарноста на организацијата.

фундира повеќе

фундираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поткрепи поткрепува со докази, документира.
Албански: vërtetoj
Употреба: Преносно значење