покаже
покажат; покажи, покажете; покажав, покажа, покажаа; покажал, покажан; покажев, покажеа; покажел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 292
1.
Направи нешто да може да се види, изнесе јавно.
Примери:
Таа ги покажа своите најнови фотографии.
Тој ја покажа својата збирка марки.
Ќе ви покажам како се прави тоа.
2.
Посочи, укаже на нешто, обично со гест.
Англиски:
point
Албански:
demonstron
Таа ни покажа со раката каде треба да седнеме.
Тој со очите покажа дека му е страв.
3.
Објасни, посведочи, потврди нешто.
Примери:
Анализата покажа дека дијагнозата е точна.
Нашите истражувања покажаа дека станува збор за плагијат.
Ние покажавме дека вистината е на наша страна.
Времето ќе покаже кој грешел.
4.
означи, измери
Примери:
Топломерот покажуваше многу висока температура.
Часовникот покажа 2 часот.
Ќе видиме што ќе покаже кантарот.
Слично со:
означи (св.)
5.
При закана - казни, се одмазди некому.
Примери:
Ќе ти покажам јас тебе кој е главен овде!
6.
(се покаже) Стане видлив, се појави.
Примери:
Девојката се покажа на прозорецот.
На небото се покажаа првите ѕвезди.
Пред нас се покажа прекрасна глетка.
На нејзините усни се покажа насмевка.
7.
(се покаже) Се појави, се претстави со некоја особина, својство.
Примери:
Тој се покажа многу мудар.
Работата се покажа многу добра.
Ние се покажавме храбри.
8.
(само 3. л.) (се покаже) Стане јасно, се открие нешто.
Примери:
Се покажа дека тој е голем измамник.
Се покажа дека е доцна за нови обиди.
Слично со:
разјасни (св.)
Изрази
Покаже врата - изгони, избрка некого.
Изведенки
1.
покажува несв.
покажуваат
покажуваат
2.
покажување ср.