puff - онтологија

заука повеќе

заукаат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - почне да ука во рацете, дланките.
Албански: filloj të hukas
Примери:
Заука неколкупати во дланките и почна со цепењето.

пуфка повеќе

пуфкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - испушта звук низ уста со кратки паузи.
Албански: gulçoj
Примери:
Туку оди и пуфка.
За човек - испушта дим од цигара при пушење.
Албански: tymos
Примери:
Пуфка со лулето пред дуќанот.
За животно - силно и шумно испушти воздух низ ноздрите.
Албански: gulçon
За мотор, воз и сл.
Албански: dihas, tymos
Примери:
Локомотивата пуфка на угорницата.

распуфка повеќе

Види и: пуфка (несв.)
(се) распуфкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(за човек) Почне силно да пуфка, бревта (тешко дише испуштајќи придушен звук).
Албански: vështir merr frymë
Примери:
Само што легна стариов и веднаш се распуфка.
(за мотор) Почне многу да бревта.
Албански: troket shumë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ама се распуфка локомотивава.

распуфкува повеќе

Види и: распуфка (св.)
(се) распуфкуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) распуфка

уха повеќе

ухаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод. и непреод.) Дува со уста.
Примери:
Ги ухаше рацете за да ги стопли.

фучи повеќе

фучат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек и животно - издава шум низ носниците.
Албански: fishkëllon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Коњот фучи.