дува
дуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2280
1.
Дејствува како воздушна струја и предизвикува слабо или силно движење на воздухот.
Примери:
Надвор дуваше ветер.
Дуваше југ и ги топеше снеговите.
Мислев дека ти дува низ оџакот.
2.
Испушта од устата воздушна струја и ја тера, насочува кон нешто.
Примери:
Дуваме во прстите.
Дувал да распали оган.
Го дуваше правот.
Слично со:
пуфка (несв.)
3.
Свири на некој дувачки инструмент.
Примери:
Дувал во долга труба.
Постојано дува во гајдата.
Слично со:
свири (несв.)
4.
Прави, изработува нешто со помош на силна воздушна струја во фабрика за стакло.
Примери:
Дуваат шишиња.
Изрази
Кој се попарил од млекото, дува и на маштеницата - се вели за некој што еднаш бил излажан, насамарен, па станал премногу претпазлив.
Изведенки
дување ср.
глаг. им.
глаг. им.