pupil - онтологија

воспитаник повеќе

мн. воспитаници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се воспитува, што учи или што е воспитуван, учен од некого или некаде (во соодветна установа).
Примери:
Тој е мој воспитаник.

зеница повеќе

мн. зеници
Вид збор: Именка, женски род
Средишниот дел на окото што со своето ширење или стеснување ја пропушта светлината внатре и го овозможува гледањето.
Латински: pupilla Албански: ag, bebëz
Употреба: Анатомија
Примери:
Огледалото ја крши светлината и остро ја расплиснува во неговите запалени зеници.

питомец повеќе

мн. питомци
Вид збор: Именка, машки род
воспитаник на некого
Употреба: Образование
Примери:
Живее како државен питомец во интернатот за учениците - бегалци.

питомица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
питомец
Употреба: Образование

пупила повеќе

мн. пупили
Вид збор: Именка, женски род
зеница, црнка
Латински: pupilla
Употреба: Медицина
Примери:
Проширени пупили.

реалец повеќе

мн. реалци
Вид збор: Именка, машки род
Ученик на реално училиште.

ученик повеќе

мн. ученици
Вид збор: Именка, машки род
Дете, момче, млад човек што оди и учи на училиште.
Албански: nxënës
Употреба: Образование
Примери:
Учениците од прилепската гимназија го посетија Охрид.

црнилка повеќе

Види и: црнка (ж.)
мн. црнилки
Вид збор: Именка, женски род
пупила
Латински: pupilla
Употреба: Анатомија

црнка повеќе

мн. црнки
Вид збор: Именка, женски род
Црн отвор во окото што ја пропушта светлината.
Латински: pupilla Албански: bebëz
Употреба: Анатомија
Примери:
Му беше повредена црнката.