Образование - категорија

работа повеќе

мн. работи
Вид збор: Именка, женски род
ученичка писмена задача
Англиски: work Албански: detyrë
Примери:
домашна работа

разговорка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
разговорник
Англиски: guide Албански: udhërrëfyes

распуст повеќе

мн. распусти
Вид збор: Именка, машки род
Распуштање на некој собир или собрание, училиштен одмор.
Англиски: vacation Албански: pushim veror
Примери:
За време на распустот учениците мораат да внимаваат на своето држење.

реалец повеќе

мн. реалци
Вид збор: Именка, машки род
Ученик на реално училиште.
Англиски: pupil

ректор повеќе

мн. ректори
Вид збор: Именка, машки род
Раководител на универзитет, а исто и на духовни средни и виши учебни заводи.
Англиски: rector
Примери:
Ректорите на македонските универзитети одржаа состанок.

ректорат повеќе

мн. ректорати
Вид збор: Именка, машки род
Управа на универзитет и на некои други средни и виши школи.
Англиски: rectorate Албански: rektorat
Достоинство и служба на ректор.
Англиски: rectorship Албански: rektorat
Канцеларија на ректор.
Англиски: rector's office Албански: rektorat

ректорски повеќе

ректорска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ректор.
Примери:
Ректорски додаток.

ректорство повеќе

ректорството
Вид збор: Именка, среден род
Должност, дејност на ректор.
Англиски: rectorship Албански: rektori
Времето за кое се зазема оваа должност.
Англиски: rectorship Албански: rektori
Примери:
За време на неговото ректорство.

репетент повеќе

мн. репетенти
Вид збор: Именка, машки род
Учител што го повторува со учениците материјалот обработен на часот.
Англиски: coach Албански: repetent
Ученик што го повторува одделението или класот, повторувач.
Англиски: repeater Албански: ngelavç, përsëritës

репетиториум повеќе

репетиториумот
Вид збор: Именка, машки род
Курс или книга за повторување на земениот материјал; краток и концизен преглед.
Англиски: revision course

реферат повеќе

мн. реферати
Вид збор: Именка, машки род
Кратко, усно или писмено, излагање на научен труд, на прочитана книга и сл.
Англиски: paper Албански: referat
Примери:
Кој требаше да напише реферат за неговиот најнов труд?
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш