range - онтологија

домет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Далечина до која може да се дофрли или да се дофати нешто.
Албански: arritje
Примери:
Потерата наближи на домет.
Граница на достигнување, остварување во професионална, умствена или друга област.
Албански: arritje, kufi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговите дела се повисок домет во поглед на совршенството.

дострел повеќе

мн. дострели
Вид збор: Именка, машки род
Граничната точка до која може да се стрела со оружје.
Албански: varg
Употреба: Воен термин
Примери:
Дострелот на пушката.

лепеза повеќе

мн. лепези
Вид збор: Именка, женски род
Голем избор, голема застапеност на нешто во различни варијанти.
Албански: lepezë, shtrirje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Широка лепеза од нијанси.

палета повеќе

мн. палети
Вид збор: Именка, женски род
Збир на изразните средства на уметник, сликар, писател.
Албански: shtrirje
Употреба: Преносно значење , Уметност
Примери:
Богата палета.

радиус повеќе

мн. радиуси
Вид збор: Именка, машки род
Големина на зафат, сфера на дејство.
Албански: radius, shtrirje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Голем радиус на дејство.

размав повеќе

размавот
Вид збор: Именка, машки род
Широчина, обем на некоја дејност, движење и сл.
Примери:
Ме изненади размавот на индустријата.

рамка повеќе

мн. рамки
Вид збор: Именка, женски род
обем, опсег, граници
Албански: varg
Примери:
Ги натфрли рамките.