вчерашни
Вид збор: Придавка
Што е неодамнешен.
Примери:
Не е вчерашен - има искуство, доста знае.
довчерашниот
Вид збор: Придавка
Што траел, што бил до вчера; што бил до неодамна, до скоро.
Примери:
Го напуштија сите довчерашни пријатели.
доскорешниот
Вид збор: Придавка
Што бил, што постоел до пред извесно време, до неодамна.
Примери:
Нивното доскорешно пријателство се претвори во омраза.
неодамнешни
Вид збор: Придавка
Што се случил неодамна, што е пред кусо време.
Примери:
неодамнешна посета
пресни
Вид збор: Придавка
Што се појавил отскоро, неодамнешен.
Примери:
пресна трага во снегот
скорашни
Вид збор: Придавка
Кој е од скоро.
Примери:
Тој е скорашен службеник па може да згреши.