пресен
пресни
Вид збор: Придавка
Ранг: 3970
1.
Што е неодамна направен или добиен.
Примери:
пресни јајца
пресна вода
пресен воздух
2.
Што се појавил отскоро, неодамнешен.
Примери:
пресна трага во снегот
пресна рана
пресен гроб
пресни спомени
3.
Нов, од неодамна.
Примери:
пресен зет
4.
бодар, одморен, свеж
Примери:
Со пресни сили.
5.
Што е без квас, непоквасен.
Примери:
пресна погача
пресен леб
пресно млеко