refugee - онтологија

бегалец повеќе

мн. бегалци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што избегал од местото каде што требало да биде, од своето живеалиште или од својата татковина. што го напуштил родниот крај, што отишол од родната земја.
Албански: refugjat
Примери:
Стигна една композиција од дваесетина вагони со бегалци што се враќаа од Војводина.

бегалка повеќе

мн. бегалки
Вид збор: Именка, женски род
Жена бегалец.
Албански: refugjat

бежанец повеќе

Види и: бегалец (м.)
мн. бежанци
Вид збор: Именка, машки род
бегалец

збег повеќе

мн. збегови
Вид збор: Именка, машки род
Оние што се кријат во збег; избеган народ.
Албански: refugjat
Примери:
Збегот се повлече уште подлабоко во шумата.

мухаџир повеќе

мн. мухаџири
Вид збор: Именка, машки род
Иселеник, бегалец, емигрант.
Турски: muhacir
Употреба: Архаизам

просвиги повеќе

просвигите
Вид збор: Именка, множина
Бегалци од Мала Азија доселени во Егејска Македонија.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Просвигите тогаш знаеја да садат тутун, пченка и тикви.