збег
мн. збегови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 24344
1.
Место каде што се засолнува од некоја опасност.
Примери:
Се скрија во збегот.
шумски збег
Преплашениот народ остана по збеговите неколку недели.
Слично со:
засолниште (ср.)
2.
Оние што се кријат во збег; избеган народ.
Примери:
Збегот се повлече уште подлабоко во шумата.
3.
Во пчеларството празен меѓупростор во улиште, покриен со мрежа, кој служи при пренесување на пчелите.
Албански:
strehim
При пренесување на пчелите, задолжително на секое улиште се поставуваат збегови.