relay - онтологија

реле повеќе

Види и: релеј (м.)
Вид збор: Именка, среден род
релеј
Употреба: Технологија

релеен повеќе

релејни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на релеј.
Употреба: Технологија
Примери:
релејна радиостаница

релеј повеќе

мн. релеи
Вид збор: Именка, машки род
Автоматска справа што ги извршува потребните приклучоци и прекини во електричните водови на силната струја.
Употреба: Технологија
Примери:
Електромагнетен релеј.
Телекомуникациски предавател што овозможува емисија, емитување на радио-телевизиска програма.
Употреба: Технологија
Примери:
Електропреносниот систем е од неколку релеи за трансмисија на телевизиска програма.

штафета повеќе

мн. штафети
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена палка или друг предмет што се предава, при групно натпреварување, од еден тркач на друг.
Германски: Stafette Албански: stafetë
Употреба: Спорт
Групно наттрчување или поминување на определена далечина на смени, при што се предава тој предмет од една на други.
Германски: Stafette Албански: vrap në stafetë
Употреба: Спорт