Спорт - категорија

шампион повеќе

мн. шампиони
Вид збор: Именка, машки род
Победник во спортски натпревар за првенство.
Англиски: champion Албански: kampion

шампионат повеќе

шампионатот
Вид збор: Именка, машки род
првенство, првенствен натпревар
Англиски: championship

шампионка повеќе

Види и: шампион (м.)
мн. шампионки
Вид збор: Именка, женски род
Жена шампион.
Англиски: champion

шеснаесетник повеќе

шеснаесетникот
Вид збор: Именка, машки род
Обележан простор пред голот во фудбал каде прекршокот на одбраната се казнува со пенал.
Англиски: penalty area

шестерец повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Обележан полукружен простор на шест метри околу голот во ракомет.

шпага повеќе

мн. шпаги
Вид збор: Именка, женски род
Гимнастичка фигура во која нозете се потполно расчекорени и оформуваат права линија.
Англиски: splits Германски: Spagat
Примери:
шпага на висока греда

штафета повеќе

мн. штафети
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена палка или друг предмет што се предава, при групно натпреварување, од еден тркач на друг.
Англиски: relay Германски: Stafette Албански: stafetë
Групно наттрчување или поминување на определена далечина на смени, при што се предава тој предмет од една на други.
Англиски: relay Германски: Stafette Албански: vrap në stafetë

штафетен повеќе

Види и: штафета (ж.)
штафетна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на штафета.
Примери:
Штафетна палка.

штоперица повеќе

мн. штоперици
Вид збор: Именка, женски род
Часовник за мерење време на спортски натпревари.
Англиски: stop watch

штопува повеќе

штопуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прецизно мери време.
Англиски: clock

шут повеќе

мн. шутови
Вид збор: Именка, машки род
Удар со нога на топка.
Англиски: shoot, kick Албански: goditje
Примери:
Ситен (јак), слаб, добар шут.

шутира повеќе

шутираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Удри, удира со нога топка.
Англиски: kick

шутирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
шутира
Англиски: kicking
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш