remain - онтологија

задржи повеќе

задржат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане во определена положба извесно време.
Албански: mbaj, qëndroj
Примери:
Го задржа погледот врз купот хартии.
(се задржи) Се одржи, се зачува нешто извесно време.
Албански: mbetë, qëdroj
Примери:
Насмевка се задржа на неговото лице.

остави повеќе

остават
Вид збор: Глагол, свршен
Не измени дадена состојба.
Албански:
Примери:
Ги исекоа сите дрвја, само багремот го оставија.

остане повеќе

останат
Вид збор: Глагол, свршен
Продолжи да се наоѓа, да се задржува негде, не промени место, положба.
Албански: mbetet
Примери:
Јас останав в село, а другите заминаа в планина.
Не промени состојба, статус.
Албански: mbetet
Примери:
Таа остана немажена.
Не помине во погорно одделение, клас (во школувањето), изостане, заостане.
Албански: ngel
Примери:
Тој остана по вторпат во седмо одделение.
Е оставен, предаден во наследство.
Албански: lënë
Примери:
Hоcијата ми остана во наследство од баба ми.
Остави нешто на поминување, помине покрај нешто.
Албански: la
Примери:
Нашиот тркач остана меѓу последните уште во првиот круг.
(само во 3 л.) Се зачува, преостане во еден помал или поголем дел, од нешто што се губи, што исчезнува.
Албански: u humb
Употреба: Безлично
Примери:
Од ручекот остана само малку.
Е препуштено, оставено нешто на некого.
Албански: e lënë
Примери:
Грижата за децата остана на жената.
Треба да се направи уште нешто.
Албански: duhet bërë
Употреба: Безлично
Примери:
Остана уште да се потпише договорот.

отстои повеќе

отстојат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време во некоја средина, во некаква состојба.
Албански: qëndroj
Примери:
Сирењето треба да отстои во солило.

преостане повеќе

преостанат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане од нешто.
Албански: mbetet, ngel
Примери:
Преостана малку од вечерата.
Остане без друг излез.
Албански: mbetem
Примери:
Му преостана само да се предаде.