задржи
  
     
     
  
  
      
          
            
              задржат; задржи, задржете; задржав, задржа, задржаа; задржал; задржан, задржана; (ќе) задржев, (ќе) задржеа; (ќе) задржел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 901
	    
	
    
    
      
          1.
          Запре, спречи движење на некого или нешто, направи да застане.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    prevent
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                ndaloj, pengoj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Го задржа детето да не оди кон реката.  
	              
	            
	          
	            
	              Мораме да го задржиме непријателот на истите позиции.
	              
	            
	          
	            
	              Таа сакаше да избега, но јас ја задржав со рацете.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Запре, смести некого некаде, не дозволувајќи му да оди.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    keep
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                ndaloj, mbaj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Повредените патници ги задржаа на лекување во болницата. 
	              
	            
	          
	            
	              Домаќините нè задржаа на вечера и на спиење. 
	              
	            
	          
	            
	              Ништо веќе не беше во состојба да го задржи дома.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  запре (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Запре, спречи нешто да се појави, да дојде до израз.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    hold
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                mbaj, ndaloj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Не можеше да ја задржи потсмешливата насмевка кога го виде. 
	              
	            
	          
	            
	              Се борев да ги задржам солзите. 
	              
	            
	          
	            
	              Ставив лисја одозгора да ја задржат тињата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  додржи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Запре, спречи некого да направи нешто.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    keep
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                mbaj, ndaloj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Гостите ме задржаа и не стасав да си ја завршам работата.
	              
	            
	          
	            
	              Другарите го задржале да не се степа.
	              
	            
	          
	            
	              Нешто го задржа и не пречекори во дворот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  спречи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Зачува нешто, не се лиши од нешто.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    keep
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                mbaj, ruaj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Синот го задржа имотот од родителите. 
	              
	            
	          
	            
	              Таа партија ја задржа власта во свои раце долго време.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  зачува (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          Земе, присвои нешто за себе.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Задржете ја кутијата сосе тутунот. 
	              
	            
	          
	            
	              Ќе купи нешто, а другите пари ќе ги задржи за себе.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          Придржи, додржи, потпре некого или нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа со едната рака го задржа лустерот. 
	              
	            
	          
	            
	              Јас го задржав стариот да се качи на коњот. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој го задржа детето да не падне.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          8.
          Одржи, зачува нешто за извесно време.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Не можеше да задржи рамнотежа и се струполи врз земјата. 
	              
	            
	          
	            
	              Одеше трудејќи се да го задржи војничкиот чекор.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  зачува (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          9.
          Остане во определена положба извесно време.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    remain
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                mbaj, qëndroj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Го задржа погледот врз купот хартии. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој го прегрна и долго го задржа во својата прегратка.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          10.
          Остави некого на определена служба, должност.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    keep
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                mbaj, ruaj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Тој беше одличен стручњак и сакав да го задржам во претпријатието.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          11.
          (се задржи) Запре, застане, остане извесно време на некое место.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    stay
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                qëndroj, rri
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Не можев да се задржам на едно место. 
	              
	            
	          
	            
	              Тие се задржаа надвор од селото до вечерта. 
	              
	            
	          
	            
	              Tој се задржал некаде на гости.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          12.
          (се задржи) Се придржи, се додржи, се потпре на нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој одвај се задржа да не падне. 
	              
	            
	          
	            
	              Сакаше да се задржи за крајот од масата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  додржи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          13.
          (се задржи) Се воздржи да не направи нешто, се додржи. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    restrain
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                mbja, përmbaj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Не можеше да се задржи од радост. 
	              
	            
	          
	            
	              Одвај се задржа да не заплаче.  
	              
	            
	          
	            
	              Сакаше да ме удри, но сепак се задржа и само ме искара.
	              
	            
	          
	            
	              Одвај се задржа да не загуби свест.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  воздржи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          14.
          (се задржи) Се одржи, се зачува нешто извесно време.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    remain
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                mbetë, qëdroj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Насмевка се задржа на неговото лице.  
	              
	            
	          
	            
	              Рацете не можеа да се задржат на лизгавите камења. 
	              
	            
	          
	            
	              Погледот му се задржа на ѕидот.
	              
	            
	          
	            
	              Тие обичаи се задржале до денес.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  одржи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          15.
          (се задржи) Се укаже на нешто, се обрне повеќе внимание.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    dwell
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                ndalë, përqëndroj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Повеќе ќе се задржиме на именките што завршуваат на согласка. 
	              
	            
	          
	            
	              Во својот реферат тој се задржа на неколку важни прашања.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  укаже (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
       
   
         
	        