renew - онтологија

возобнови повеќе

возобноват
Вид збор: Глагол, свршен
3апочне одново некоја стара, прекината работа.
Албански: përtrij
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Сакаат да ја возобноват идејата за референдум.

воскресне повеќе

воскреснат
Вид збор: Глагол, свршен
Оживее, обнови нешто.
Албански: përtrij
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во своите романи виде можност да ја воскресне сета наша историја.

модернизира повеќе

модернизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се модернизира) Се прави ново, современо.
Албански: modernizohet
Примери:
Се модернизираа со нови компјутери.

освежи повеќе

освежат
Вид збор: Глагол, свршен
обнови, поднови
Албански: përtrij
Употреба: Преносно значење
Примери:
Режисерот ја освежи претставата со нови актери.

поднови повеќе

подноват
Вид збор: Глагол, свршен
Обнови облека мебел, и сл.
Албански: rindërtoj
Примери:
За Велигден ги подновивме децата со нова облека.
(се поднови) Се облече во нешто ново, купи нешто ново.
Албански: vishet me diçka të re
Примери:
Тој се поднови со нови чевли.

регенерира повеќе

регенерираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се регенерира) Се обнови, се обновува, се подмлади, се подмладува, се прероди, се преродува.
Албански: regjenerohem