а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

возобнови

возобноват; возобновен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 36247
1. Прави нешто разурнато, уништено да го добие првобитниот изглед.
Англиски: restore Албански: ripërtritje, restaurim
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Селаните ја возобновија старата црква.
Младите клетки се размножуваат и ги возобновуваат умрените.
2. 3апочне одново некоја стара, прекината работа.
Англиски: renew Албански: përtrij
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Сакаат да ја возобноват идејата за референдум.
Сите селани ги возобновуваа заборавените ниви во планината.
3. (се возобнови) Се одржи, се врати во претходна состојба.
Англиски: reestablish Албански: rivendosje
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Целта била да се возобнови кралството.
Убавината треба да се возобновува.
4. (се возобнови) Прави некој спомен, настани повторно да се појави.
Англиски: reminisce Албански: rikujton
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Му се возобнови сликата од дамнешната средба.
Во песната се возобновува оплакувањето.
Изведенки
1. возобновува несв.
(се) возобновуваат
2. возобновување ср.
глаг. им.