resemble - онтологија

заличи повеќе

заличат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да личи на нешто или некого, да изгледа како нешто или некого.
Албански: ngjan, përngjan
Примери:
Ќе ти направам нов костум да заличиш на човек.

заприлега повеќе

заприлегаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прилега, да личи на некого или на нешто.
Примери:
Лицето му заприлега на светец.

изметне повеќе

(се) изметнат
Вид збор: Глагол, свршен
Личи, потсетува на некого, на родител, на близок роднина; се истера.
Примери:
Целиот се изметна на татка си.

личи повеќе

личат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сличен е со некого или со нешто.
Албански: ngjaj, përngjaj
Примери:
Личи на мајка ѝ.
(си личи) Изгледа слично.
Албански: përngjaj
Примери:
Си личат еден со друг.

налик повеќе

Вид збор: Придавка
Што е сличен, што личи на некого, на нешто.
Употреба: Неменлив збор
Примери:
Во темнината му се појави пристара жена налик на мајка му.

наликува повеќе

наликуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Личи на некого, на нешто.

напомнува повеќе

Види и: напомни (св.)
напомнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Личи, е слично, потсетува на нешто.
Албански: përkujton, ngjan
Примери:
Старата се фати за глава и зареди со глас што напомнуваше на виење.