личи
личат; личел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 824
1.
Сличен е со некого или со нешто.
Англиски:
resemble
Албански:
ngjaj, përngjaj
Личи на мајка ѝ.
Невестата личеше на самовила.
Личи на коцка.
Слично со:
изгледа (несв.)
2.
Прилега, доликува, стои добро (обично во негирана форма).
Примери:
Не му личи да се расправа со постари.
Не ѝ личи да се однесува така.
Слично со:
прилега (несв.)
3.
прилега, одговара
Примери:
Млада е, ѝ личи да носи мини здолниште.
4.
Разубавува нешто, краси, украсува.
Примери:
Езерата ја личат нашата земја.
6.
(безл.) Се чини, изгледа.
Албански:
më ngjan, më duket
Ми личи дека ќе биде добро.
Ми личи дека е тој.
7.
Вика, објавува гласно некаква вест.
Примери:
Јунакот личеше, да чуе мало и големо, да се зберат сред село.
Слично со:
разгласува (несв.)
Изведенки
личење ср.
глаг. им.
глаг. им.