reserve - онтологија

ангажира повеќе

ангажираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Зафати, зафаќа претходно, резервира.
Албански: rezervoj
Примери:
Јас ќе ангажирам двокреветна соба во хотелот.

дундар повеќе

мн. дундари
Вид збор: Именка, машки род
Заштитница во војска, војник во позадина.
Турски: dümdar
Употреба: Архаизам

забел повеќе

мн. забели
Вид збор: Именка, машки род
Шума во која е забрането да се влегува (да се пасе добиток, да се лови), обележана со забелување на стеблата.
Употреба: Екологија
Примери:
Зад потокот имаше дабов забел.

резерва повеќе

мн. резерви
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Одвишок, нешто што е оставено за случај на потреба.
Албански: rezervë
Примери:
резерви во храна
Состав на воени обврзници што се повикуваат во армијата во случај на потреба.
Албански: rezervë
Употреба: Воен термин
Примери:
Целата класа беше префрлена во резерва.

резервен повеќе

резервни
Вид збор: Придавка
Кој се наоѓа во резерва.
Примери:
Резервна воена единица.

резервира повеќе

резервираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Задржи, задржува право на нешто, осигури, осигурува однапред.
Примери:
Резервирав билети за премиерата.

фонд повеќе

мн. фондови
Вид збор: Именка, машки род
Резерви од нешто - пари, стоки и сл.
Албански: rezervë
Примери:
Книжен фонд.