result - онтологија

дејство повеќе

мн. дејства
Вид збор: Именка, среден род
Резултат, последица, влијание, впечаток од нешто.
Албански: ndikim, rezultat
Примери:
Овој отров има смртоносно дејство.

дело повеќе

мн. дела
Вид збор: Именка, среден род
Резултат, производ од работа.
Албански: rezultat
Примери:
дело на вредни раце

одраз повеќе

мн. одрази
Вид збор: Именка, машки род
Резултат, последица, реакција од нешто.
Албански: efekt
Употреба: Спорт
Примери:
Тоа наше примитивно однесување кон природата, таа наша неодговорност, е одраз на нашата ниска култура, одраз на нашата неизградена свест.

плод повеќе

мн. плодови
Вид збор: Именка, машки род
резултат
Албански: rezultat
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа е плод на неговиот долгогодишен труд.

продукт повеќе

мн. продукти
Вид збор: Именка, машки род
последица од нешто
Албански: rezultat
Примери:
Тие појави се продукт на брзото темпо на живеење.

происход повеќе

Види и: исход (м.)
мн. происходи
Вид збор: Именка, машки род
резултат
Употреба: Книжевен збор
Примери:
происход на незадоволство

резултат повеќе

мн. резултати
Вид збор: Именка, машки род
Конечен биланс на некакви дејства, појави, развиток; показател на нешто.
Албански: rezultat
Примери:
Сите беа задоволни од резултатот на акцијата.

рожба повеќе

мн. рожби
Вид збор: Именка, женски род
творба, дело
Примери:
рожба на природата

труд повеќе

мн. трудови
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) плодовите на трудот
Албански: rezultat
Примери:
Сѐ што гледаш во куќава, сѐ е мој труд.