а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плод

мн. плодови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1182
1. Сиот род на едно растение што се користи за јадење.
Англиски: fruit Српски: плод Албански: frut Бугарски: плод
Употреба: Гастрономија
Примери:
Старата круша уште дава плод.
2. (само едн.) Кај растение орган што се развива од цветот и содржи семе.
Англиски: fruit Албански: frut
Употреба: Ботаника
Примери:
Плодот на јаболкницата, крушата, сливата.
3. Кај човек и животно, обично цицач - зародок, ембрион.
Англиски: embryo Албански: embrion
Употреба: Медицина
Примери:
Плодот во мајкината утроба.
4. резултат
Англиски: result Албански: rezultat
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа е плод на неговиот долгогодишен труд.
Првите плодови од неговата активност се тука.
Плод на фантазијата.
Ги собира плодовите на својата работа.
Изрази
(разг.) Забранет плод.
(разг.) Даде плод - даде резултат.