ring - онтологија

алче повеќе

Види и: алка (ж.)
мн. алчиња
Вид збор: Именка, среден род
алка
Турски: halka Албански: verigë
Употреба: Деминутив

боралиште повеќе

Види и: борилиште (ср.)
мн. боралишта
Вид збор: Именка, среден род
борилиште

борилиште повеќе

мн. борилишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се одвива борба, борење.
Употреба: Спорт
Примери:
Борилшитето беше преполно со луѓе.

бурма повеќе

мн. бурми
Вид збор: Именка, женски род
Вид прстен, вообичаено златен, венчален или свршенички.
Турски: burma Албански: burmë, unazë fejese
Примери:
Младоженците пред кумот и старосватот разменија златни бурми.

вивка повеќе

мн. вивки
Вид збор: Именка, женски род
Колак што се подметнува на главата за носење товар.
Примери:
Наместете си ги вивките убаво на главите да не ви се нишаат котлињата.

колак повеќе

мн. колаци
Вид збор: Именка, машки род
Обрач во облик на ѓеврек, направен од шајак исполнет со парталчиња, што cе става на глава кога се носи нешто.
Албански: hallkë koke

круг повеќе

мн. кругови
Вид збор: Именка, машки род
Bид подвижна гимнастичка справа со два паралелни круга, обрачи што висат на долги ремени.
Албански: rreth
Употреба: Спорт
Примери:
Натпреварот во кругови само што не почнал.

круна повеќе

мн. круни
Вид збор: Именка, женски род
Дел од цветот со одвоени или сраснати цветни ливчиња.
Албански: kurorë lule
Употреба: Ботаника , Зоологија
Примери:
цветна круна

прстен повеќе

мн. прстени
Вид збор: Именка, машки род
Украс што се носи на прст како накит или знак за брачна состојба.
Албански: unazë
Примери:
Венчален прстен.
Предмет со облик на прстен.
Албански: unazë
Примери:
Челичен прстен.

ринг повеќе

мн. рингови
Вид збор: Именка, машки род
Ограден простор за натпревари во бокс и борење.
Употреба: Спорт
Примери:
Борбите на рингот беа жестоки.