а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

алка

мн. алки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5567
1. Белезица, обрач, обично од метал, за на раце, на нозе, на врат што се носи како накит, предмет во форма на затворен круг.
Англиски: bangle Турски: halka Албански: armlet
Примери:
Жените таму како украс вденуваат алка во носот.
2. Едно парче од верига, од синџир.
Англиски: chain Албански: zinxhir
Употреба: Разговорно
Примери:
Една алка уште за тебе имам, Бог ќе даит и тебе ќе те фатам.
3. Мал обрач од ковано железо на порта, на врата.
Англиски: fitting Албански: montim
Примери:
Ме возбудуваше кога ги гледав алките на портите.
4. Тоа што поврзува.
Англиски: link Албански: lidhje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Македонија е обединителна алка во балканскиот мозаик.