втасаат
Вид збор: Глагол, свршен
узрее, созрее, порасне
Примери:
Житата уште не беа втасани.
Вид збор: Глагол, свршен
Стане зрел, узрее добро.
Примери:
Неколку лози дозреаја по завршената берба.
достасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Порасне, постигне зрелост.
Примери:
Си мажил една - достасала другата.
Вид збор: Глагол, свршен
За плод - почне да зрее.
Албански:
piqet, bëhet
Употреба:
Ботаника
Примери:
Зазреаја смоквите во градината.
зреат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува зрел, узрева.
Примери:
Грозјето зрее.
За некои производи - стасува за употреба, добива вкус.
Примери:
Биеното сирење се остава да зрее.
надрочат
Вид збор: Глагол, свршен
За плод - нарасне, стане крупен, јадар, зрел.
позреат
Вид збор: Глагол, свршен
Зрее малку или уште.
Примери:
Оставете ги крушките да позреат, па потоа ќе ги собереме.
поназреат
Вид збор: Глагол, свршен
Созрее до определен степен.
Примери:
Грозјето треба да поназрее па да се бере.
Вид збор: Глагол, свршен
Узрее малку, уште малку, донекаде.
Примери:
Не кини ги крушите, остави ги нека поузреат!
превтасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде во определена состојба на надминат степен.
Примери:
Јаболката стасаа и превтасаа, ама нема кој да ги збере.
престасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стаса, нарасне повече од потребното.
Примери:
Лебот престаса.
Вид збор: Глагол, несвршен
узрева
Примери:
Женските деца побрзо созреваат.
сторат
Вид збор: Глагол, свршен
(се стори) За зеленчук подготвен за зимница: му дојде време.
Примери:
Уште не се сториле краставиците.