а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

назрее

назреат; назреј, назрејте; назреав, назреаја; назреал; назреан; (ќе) назреев, (ќе) назрееја; (ќе) назреел; назреен
Вид збор: Глагол, свршен
1. Доволно узрее.
Англиски: ripen Албански: piqet mjaft, bëhet
Примери:
Кајсиите веќе назреале.
2. Стане неодложно.
Англиски: mature Албански: piqet, plotëson
Употреба: Преносно значење
Примери:
Веќе е назреана потребата за изградба на уште едно училиште.
Назреаја условите и свеста за пошироки зафати во решавањето на еколошките проблеми.
Изведенки
1. назрева несв.
назреваат
2. назревање ср.
глаг. им.