rival - онтологија

противкандидат повеќе

мн. противканидати
Вид збор: Именка, машки род
Кандидат на противичката страна, на конкурс, при избори и сл.
Употреба: Политика

противник повеќе

мн. противници
Вид збор: Именка, машки род
Ривал, конкурент во работа, во љубов.
Албански: rival

ривал повеќе

мн. ривали
Вид збор: Именка, машки род
конкурент, соперник
Примери:
Вечни ривали.

ривалка повеќе

Види и: ривал (м.)
мн. ривалки
Вид збор: Именка, женски род
За жена ривал.

соперник повеќе

мн. соперници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што соперничи со некого во достигањето на некоја цел; човек што соперничи со некого во добивањето на љубовта на некоја жена.
Албански: rivaë, kundërshtar
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Не можеше да трпи никакви соперници.

соперница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
За жена соперник.
Употреба: Книжевен збор

соперничи повеќе

соперничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се натпреварува со некого; се стреми да ја добие љубовта на некоја жена односно маж.
Албански: rivalizoj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Соперничат на зеленото поле.

соперничка повеќе

Види и: соперница (ж.)
мн. сопернички
Вид збор: Именка, женски род
соперница
Употреба: Книжевен збор