sage - онтологија

жалфија повеќе

мн. жалфии
Вид збор: Именка, женски род
Лековита билка со пријатен ароматичен мирис.
Латински: Salvia officinalis Албански: sherbelë
Употреба: Ботаника
Примери:
Во ливадата се ширеше мирисот на жалфијата.

жарче повеќе

мн. жарчиња
Вид збор: Именка, среден род
Вид цвеќе со изразито црвени цветови, како жар, украсна жалфија.
Латински: Salvia splendens Албански: sherbelë
Употреба: Ботаника

јановденче повеќе

мн. јановденчиња
Вид збор: Именка, среден род
Вид ароматско и лековито растение.
Латински: Salvia officinalis Албански: sherbelë
Употреба: Ботаника

када повеќе

мн. кади
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) жалфија
Албански: sherbelë
Употреба: Ботаника

мудрец повеќе

мн. мудреци
Вид збор: Именка, машки род
Многу паметен, умен човек, со исклучително знаење и животно искуство.
Примери:
Голем мудрец.

оракул повеќе

мн. оракули
Вид збор: Именка, машки род
Мудрец, голем, непогрешлив авторитет.
Албански: dijetar, njeri i mençur
Употреба: Иронично , Преносно значење