Ботаника - категорија

јаблан повеќе

мн. јаблани
Вид збор: Именка, машки род
Дрво од фамилијата тополи, со висока тесна круна што се сади во паркови и во дрвореди.
Латински: Populus руramidalis Англиски: poplar Албански: plep
Примери:
разлистени јаблани

јаболкница повеќе

мн. јаболкници
Вид збор: Именка, женски род
Овошно дрво со тркалезни или јајчести назабени листови, бели цветови и со тркалезни, месести и сочни плодови, црвени или жолти, поретко и зелени, со благ или киселкав вкус.
Латински: Malus Англиски: apple tree Албански: dru mollë
Примери:
Расцветана јаболкница.

јаболко повеќе

мн. јаболка
Вид збор: Именка, среден род
Плод од јаболкница.
Англиски: apple Српски: јабука Албански: mollë Бугарски: ябълка Грчки: μήλο
Примери:
сочно јаболко

јавор повеќе

мн. јавори
Вид збор: Именка, машки род
Вид листопадно шумско дрво.
Латински: Acer pseudoplantanus Англиски: maple Албански: panjë
Примери:
црвен јавор

јаглика повеќе

мн. јаглики
Вид збор: Именка, женски род
Рано пролетно цвеќе со жолти и поретко розови цветови.
Латински: Primula officinalis Англиски: primrose Албански: aguliçe, poleskë

јагода повеќе

мн. јагоди
Вид збор: Именка, женски род
Повеќегодишно овошно растение со ситни, бели цветови и мали црвени мирисливи и сочни, месести плодови со тркалезна или овална форма.
Латински: Fragaria Англиски: strawberry Албански: dredhëz, lulështrydhe
Примери:
Јагодите веќе цветаа.

јагодов повеќе

Види и: јагода (ж.)
јагодовиот
Вид збор: Придавка
Што е од јагоди.
Албански: dredhëze
Примери:
јагодов цвет, јагодов сок

јаготка повеќе

Види и: јагода (ж.)
мн. јаготки
Вид збор: Именка, женски род
јагода
Англиски: strawberry Албански: dredhëz

јадроплоден повеќе

јадроплодниот
Вид збор: Придавка
Сорта што има крупни, јадри плодови.
Албански: bërthamfrytshëme
Примери:
Јадроплодни долги пиперки.

јазачица повеќе

мн. јазачици
Вид збор: Именка, женски род
Растение што се јази.
Англиски: creeper Албански: bimë kacavirrëse
Примери:
Таа ја искорна ружата јазачица.

јајчарка повеќе

мн. јајчарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид печурка.
Латински: Amanita caesarea Англиски: Caesar's Mushroom Албански: lloj këpurdhe, këpurdha e Çezarit

јалдаз повеќе

мн. јалдази
Вид збор: Именка, машки род
Вид цвеќе, со крупни цветови.
Латински: Dahlia variabilis Англиски: dahlia Албански: gjeogjinë

јаловак повеќе

мн. јаловаци
Вид збор: Именка, машки род
Зелени ластари кај виновата лоза што се неродни.
Албански: njomëz hardhie

јановденче повеќе

мн. јановденчиња
Вид збор: Именка, среден род
Вид цветно растение со ситни бели цветчиња што цвета на Јановден (Иванден), во јули.
Латински: Galium odoratum Англиски: Sweet woodruff Албански: lulegryke
Вид ароматско и лековито растение.
Латински: Salvia officinalis Англиски: sage Албански: sherbelë

јаребика повеќе

мн. јаребики
Вид збор: Именка, женски род
Вид листопадно дрво или грмушка од семејството рози.
Латински: Sorbus aucuparia Англиски: rowan

јасен повеќе

мн. јасени
Вид збор: Именка, машки род
Листопадно дрво со сивкаво-зеленикава кора и со издолжени лисје.
Латински: Fraxinus Англиски: ash Албански: frashër
Примери:
бел јасен

јасмин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Грмушесто растение од фамилијата маслинки, со жолти или бели цветови, со многу силен пријатен мирис.
Латински: Jasminum Англиски: jasmin Албански: jasemin

јатка повеќе

мн. јатки
Вид збор: Именка, женски род
Внатрешен дел од коскесто овошје заштитен со тврда обвивка.
Англиски: kernel Албански: kokkër, thelb
Примери:
јатка од орев

јатрва повеќе

мн. јатрви
Вид збор: Именка, женски род
Декоративно зелјесто растение со цветови поставени грб со грб.
Латински: Amaryllis Англиски: Amaryllis Албански: amarilis

јачмен повеќе

Види и: јачмен (м.)
јачмениот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на јачмен, што е од јачмен.
Англиски: barley Албански: elbi
Примери:
јачмен леб, јачмена слама

јачмен повеќе

(едн.) јачменот
Вид збор: Именка, машки род
Житно растение што се употребува како човечка и добиточна храна, како и за правење пиво.
Латински: Hordeum sativum Англиски: barley Албански: elb
Примери:
Да му дадеш јачмен на магарето.

јачмениште повеќе

мн. јачменишта
Вид збор: Именка, среден род
јачмен
Англиски: barley Албански: elb i madh

јачменов повеќе

јачменовиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на јачмен, што е од јачмен.
Примери:
јачменови клавчиња

јонџа повеќе

мн. јонџи
Вид збор: Именка, женски род
Вид детелина.
Англиски: clover Турски: yonca Албански: jonxhë

јоргован повеќе

мн. јорговани
Вид збор: Именка, машки род
Вид грмушесто растение со гроздести, виолетови, розови или бели мирисливи цветови.
Латински: Syringa vulgaris Англиски: lilac Турски: erguvan Албански: jargavan

јоргованов повеќе

јорговановиот
Вид збор: Придавка
Што е од јоргован.
Примери:
јоргованови грмушки

јука повеќе

(едн.) јуката
Вид збор: Именка, женски род
Род на повеќегодишни грмушки и дрва во вид на палма што потекнуваат од топлите и суви делови на Америка.
Латински: Asparagaceae Англиски: Yucca

јута повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Тропско растение од фамилијата липи од кое се добиваат влакна што се употребуваат за изработка на постилки, вреќи и јажиња.
Латински: Corchorus olitorius Англиски: jute Албански: jutë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш