sail - онтологија

бразди повеќе

браздат
Вид збор: Глагол, несвршен
Плови по вода, по воздух.
Албански: lundron
Употреба: Преносно значење
Примери:
По морињата браздеа убави кораби.

броди повеќе

бродат
Вид збор: Глагол, несвршен
плови
Албански: lundroj
Примери:
Домородците бродеа по океанот со примитивни кораби.

ветрило повеќе

мн. ветрила
Вид збор: Именка, среден род
едро
Албански: velë
Употреба: Архаизам

доброди повеќе

добродат
Вид збор: Глагол, свршен
Пристигне пловејќи.
Албански: arrij me lundrim
Примери:
Бродот наш ќе доброди по мирни води.

едренце повеќе

Види и: едро (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
мало едро
Употреба: Деминутив

едро повеќе

мн. едра
Вид збор: Именка, среден род
Вид јако платно со различна големина и форма во кое, кога е распнато, дува ветерот и го движи бродот (едреникот) или едрилицата.
Примери:
Земјите од Западен Балкан чекаат европски ветер во едрата.

заброди повеќе

забродат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да броди.
Албански: fillon të lundroj
Примери:
Забродија по синото море.

заплива повеќе

запливаат
Вид збор: Глагол, свршен
заплови
Албански: lundroj
Употреба: Дијалектен збор

заплови повеќе

запловат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плови.
Примери:
Бродот заплови кон исток.

платно повеќе

мн. платна
Вид збор: Именка, среден род
едро на едрилица
Албански: velë
Примери:
чун со платно

плива повеќе

пливаат
Вид збор: Глагол, несвршен
плови
Албански: lundroj
Употреба: Дијалектен збор , Народна поезија
Примери:
Гемија плива по море.

плови повеќе

пловат
Вид збор: Глагол, несвршен
За пловен објект: лаѓа, брод, подморница - се движи по површината на водата или во неа.
Албански: lundron
Примери:
Лаѓата пловеше кон Риека.
се движи, плива, транспортира
Албански: lundron
Употреба: Разговорно
Примери:
Плови под туѓо знаме.