sail - онтологија

бразди повеќе

браздат
Вид збор: Глагол, несвршен
Плови по вода, по воздух.
Албански: lundron
Употреба: Преносно значење
Примери:
По морињата браздеа убави кораби.

броди повеќе

бродат
Вид збор: Глагол, несвршен
плови
Албански: lundroj
Примери:
Домородците бродеа по океанот со примитивни кораби.

доброди повеќе

добродат
Вид збор: Глагол, свршен
Пристигне пловејќи.
Албански: arrij me lundrim
Примери:
Бродот наш ќе доброди по мирни води.

заброди повеќе

забродат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да броди.
Албански: fillon të lundroj
Примери:
Забродија по синото море.

заплива повеќе

запливаат
Вид збор: Глагол, свршен
заплови
Албански: lundroj
Употреба: Дијалектен збор

заплови повеќе

запловат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плови.
Примери:
Бродот заплови кон исток.

плива повеќе

пливаат
Вид збор: Глагол, несвршен
плови
Албански: lundroj
Употреба: Дијалектен збор , Народна поезија
Примери:
Гемија плива по море.

плови повеќе

пловат
Вид збор: Глагол, несвршен
За пловен објект: лаѓа, брод, подморница - се движи по површината на водата или во неа.
Албански: lundron
Примери:
Лаѓата пловеше кон Риека.
се движи, плива, транспортира
Албански: lundron
Употреба: Разговорно
Примери:
Плови под туѓо знаме.