saturated - онтологија

заситен повеќе

заситени
Вид збор: Придавка
Што е задоволен од /со нешто, на кој му е доволно нешто.
Примери:
Заситен човек.
Што содржи нешто во голема количина.
Употреба: Хемија
Примери:
Заситен раствор.

наситен повеќе

наситени
Вид збор: Придавка
Доволно сит, најаден.
Во чијшто состав има голем дел од некоја материја; густ, концентриран.
Примери:
Наситен раствор.
Што е богат, исполнет со некаква особина.
Примери:
Песна наситена со патриотска чувствителност.

подзаситен повеќе

Види и: подзасити (св.)
подзаситениот
Вид збор: Придавка
Што е заситен малку, во извесна мера, донекаде.
Примери:
Подзаситената публика реагираше на претставата.

сит повеќе

сити
Вид збор: Придавка
Кој се најал добро, кој не чувствува глад.
Примери:
Сит беше, не сакаше да јаде.