а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сит

сити
Вид збор: Придавка
Ранг: 6622
1. Кој се најал добро, кој не чувствува глад.
Англиски: saturated
Примери:
Сит беше, не сакаше да јаде.
2. Кој заситува, обилен, богат.
Англиски: full
Примери:
Сита трпеза.
Сита година.
3. Кој преживеал нешто во доволна мера и веќе не го сака.
Англиски: full
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сит е од нешто.
Сит сум од животот.
Изрази
(разг.) И волкот сит, и овците на број.
(посл.) Ситата мечка тапан не познава.
(посл.) Сит гладен не верува.