scarf - онтологија

ешарпа повеќе

мн. ешарпи
Вид збор: Именка, женски род
Долг шал, изработен од лесна ткаенина што се носи на главата или околу вратот.
Албански: shall i gjatë

каврак повеќе

мн. кавраци
Вид збор: Именка, машки род
Шамија, обично свилена.
Турски: kıvrak Албански: këvrak, shami mëndafshi
Употреба: Архаизам

калемќар повеќе

мн. калемќари
Вид збор: Именка, машки род
Bид тенка женска шамија за забрадување со шарки по работ.
Турски: kalemkâr
Примери:
Напред одеше жената, забрадена во црн калемќар.

крпа повеќе

мн. крпи
Вид збор: Именка, женски род
Шамија (обично бела) со која жените ја покриваат главата, врзана под брадата.
Албански: shall
Примери:
Со бела крпа на главата лежеше на креветот.

убрус повеќе

мн. убруси
Вид збор: Именка, машки род
Шамија, марама, бела крпа што ја носат селаните на глава.
Албански: shami
Употреба: Архаизам
Примери:
везен убрус

шарвета повеќе

Вид збор: Именка, женски род
марама
Употреба: Дијалектен збор

шарпа повеќе

Види и: ешарпа (ж.)
мн. шарпи
Вид збор: Именка, женски род
ешарпа
Употреба: Разговорно

шервета повеќе

Види и: шарвета (ж.)
мн. шервети
Вид збор: Именка, женски род
шарвета
Употреба: Дијалектен збор